среда, јули 22, 2026
Дома СВЕТ Голем пожар во Париз, во близина на аеродромот „Шарл де Гол“ –...

Голем пожар во Париз, во близина на аеродромот „Шарл де Гол“ – густи облаци од црн чад беа видливи на километри наоколу

0

Голем пожар избувна денеска во магацин во близина на меѓународниот аеродром „Шарл де Гол“ во местото Митри-Мори, во департманот Сена и Марна во близина на Париз, објави локалната противпожарна служба.

„Од вечерва некаде по девет часот густи облаци и црн чад беа видливи на километри наоколу, се наведува во соопштението на пожарникарите, пренесува „Фигаро“.

Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат како чадот се шири над аеродромот „Шарл де Гол“, кој се наоша на само неколку стотици метри.

Во изјава за „Фигаро“ претставниците на аеродрмот потврдија дека пожарот засега „не влијае врз воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром“ „Шарл де Гол“, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ