четврток, јули 23, 2026
Дома СВЕТ Арагчи: Нашата одбранбена доктрина е „око за око“

Арагчи: Нашата одбранбена доктрина е „око за око“

56
Фото: EPA/ERDEM SAHIN

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Арагчи, вечерва на платформата „Икс“ објави дека одбранбената доктрина на Техеран е јасна и се заснова на принципот „око за око“.

„Секоја агресија против Иран, вклучително и напади врз нашата инфраструктура, ќе предизвика силен и решителен одговор“, рече Арагчи.

Тој додаде дека „секој што придонесува за таква агресија, без оглед на видот на поддршка, исто така ќе се смета за легитимна цел“.

Пораката доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД. Според „Ројтерс“, американските сили продолжуваат да напаѓаат ирански воени цели, додека Иран извршува напади врз американските бази и целите на своите сојузници во регионот.

Во исто време, „Ројтерс“ денес објави дека американските разузнавачки агенции ја испитуваат можната улога на Русија во помагањето на Иран во прецизни напади врз објектите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во регионот, но дека сè уште не се донесени конечни заклучоци.

ИЗДВОЕНИ