петок, август 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Голем пожар на Јужен Булевар во Кисела Вода, се слушаа и пукотници/ФОТО

Голем пожар на Јужен Булевар во Кисела Вода, се слушаа и пукотници/ФОТО

1108
Foto: Vecer.press/Cuk

Пожар избувна во магацин или друг објект на Јужен Булевар во скопската населба Кисела Вода, при што густ црн чад се издига високо и е видлив од повеќе делови на градот.

Според првичните информации, од запалениот објект се слушале и пукотници, најверојатно предизвикани од електрични инсталации или друга опрема во објектот. Засега нема официјална потврда за причината за експлозиите.

Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на терен и интервенираат со цел пожарот да биде ставен под контрола.

Во моментов нема информации за евентуално повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот. Се очекуваат повеќе детали од надлежните служби.

 

ИЗДВОЕНИ