вторник, јули 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Германски медиуми: Еу-членките ќе објават пакет помош за Украина вреден најмалку 140...

Германски медиуми: Еу-членките ќе објават пакет помош за Украина вреден најмалку 140 милијарди евра во следните две години на самитот на НАТО

0
Фото. 2025. EPA/RONALD WITTEK

На самитот на НАТО, што ќе се одржи во Анкара на 7 и 8 јули, европските членки на воениот сојуз ќе објават пакет помош за Украина вреден најмалку 140 милијарди евра во следните две години, при што САД нема да учествуваат, објави германскиот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на извори во германската влада.

Нацрт-декларацијата, подготвена од лидерите на ЕУ и Канада, наводно вклучува пакет помош од 70 милијарди евра во 2026 година и најмалку ист износ во 2027 година, при што придонесот на секоја земја учесничка ќе биде договорен подоцна, објави „Тас“.

САД одбија да се приклучат на иницијативата и инсистираат финансирањето за потенцијалното членство на Киев и Украина во НАТО да биде исклучено од агендата на самитот, се наведува во текстот.

ИЗДВОЕНИ