вторник, јули 28, 2026
Дома СВЕТ Франција и Шпанија во обрач на шумските пожари. „Ова е борба на...

Франција и Шпанија во обрач на шумските пожари. „Ова е борба на Давид против Голијат“

0
EPA/SOPHIE GARCIA

Франција и Шпанија продолжуваат да се борат со огнената стихија, или „огнена бура“ како што е наречена, кој веќе проголта илјадници хектари и принуди повеќе од 300.000 луѓе да се евакуираат.

„Пожарот е независен, „живее свој живот“ и се шири во сите правци. Тешко е да се контролира“, рече Лоран Нуњез, француски министер за внатрешни работи, опишувајќи ги шумските пожари на југозападот од земјата.

Пожарите стигнаа до периферијата на Бордо, најголемиот град во регионот Жиронд, а досега се изгорени околу 42.000 хектари шума, двојно повеќе од количината регистрирана во 2022 година, кога беа регистрирани и големи пожари, додаде тој.

Уништени се и 240 куќи.

Паралелно со борбата во Франција, пожарникарите неуморно работат и на локализирање на пожарите во близина на шпанската престолнина Мадрид, пишува БиБиСи.

Дополнителен страв предизвикува и најавата за нов топлотен бран.

Во Мадрид и околината се предвидуваат температури од 37 степени Целзиусови, а во југозападна Франција 36 степени.

Досега во Франција се евакуирани околу 220.000 луѓе, а повеќе од 105.000 во соседна Шпанија.

„Овој вид пожар никогаш порано не е виден“, рече Жером Стефе, градоначалник на Сестас, предградие на Бордо.

Пожарите, кои избувнаа минатата недела во близина на атлантскиот брег, се на околу 15 километри од влезните точки во главната метрополитенска област Бордо.

Во текот на ноќта помеѓу 27 и 28 јули, пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот до одреден степен, но велат дека пожарите сè уште не се под контрола.

„Пожарот е огромен. Ова е како битка меѓу Давид и Голијат“, изјави за новинарите потполковник Ерик Брокарди, портпарол на Националната федерација на пожарникари во Франција.

„Пожарникарите велат дека сме мали во однос на пожарот, но имаме добра стратегија“, уверува тој.

Брокарди, исто така, рече дека Франција се соочува со шумски пожари со „исклучителен интензитет“ и во Жиронда и на југот од земјата.

Околу 200.000 луѓе се спасени благодарение на „фантастичните“ напори на пожарникарите, иако, додаде тој, тесните патишта во Жиронда им го отежнуваат движењето на пожарникарите низ регионот.

Четири пожарникари во Франција досега ги загубија животите борејќи се со пожарите.

ИЗДВОЕНИ