среда, јули 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Филипче по повикот за средба на министерката за финансии : Доаѓаме, но...

Филипче по повикот за средба на министерката за финансии : Доаѓаме, но да дојдат и медиумите

85

Претседателот на СДСМ Венко Филипче по повикот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за средба во Министерството за финансии, ја прифати поканата под услов да биде целосно отворена за јавноста и на неа да присуствуваат и медиумите со камери.

Ваквата реакција доаѓа по јавната покана на министерката до економскиот тим на опозицијата со цел да се соочат економските аргументи и бројки.

Филипче, преку објава на неговиот профил на платформата „Икс“, нагласи дека опозицијата е подготвена за директно соочување, но инсистира на целосна транспарентност пред граѓаните.

„Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1+2=5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“,

напиша лидерот на СДСМ.

ИЗДВОЕНИ