Ракета беше испалена во шпанскиот град Памплона за да се означи почетокот на традиционалниот фестивал „Сан Фермин“. Фитилот на ракетата беше запален од балконот на Градското собрание на Памплона, пред илјадници луѓе кои нетрпеливо чекаа со часови да започне прославата, со традиционалната порака: „Памплонци, Памплона, да живее Сан Фермин“.
Во исто време, беше почитувана и традицијата на врзување црвени шамии околу вратот, препознатлив симбол што означува дека „Сан Фермин“ официјално започнал.
На улиците на Памплона нè очекуваат девет дена свечености, со официјална програма од повеќе од 500 настани, вклучувајќи трки со бикови, паради со кукли, борби со бикови, бројни концерти и огномет, „Ел Периодико“.
Неофицијалните податоци покажуваат дека најмалку 15 лица загинале во трки со бикови во текот на изминатиот век. Последниот смртен случај се случил во 2009 година.
Фестивалот стана познат низ целиот свет благодарение на класичниот роман на Ернест Хемингвеј од 1926 година „И сонцето изгрева“ за американските боеми кои пропаѓаат во Европа, пренесува „Бета“.












