ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Јошевски Ј.Мицко од село Жван (10)

    510

    Биографија

                Од Јошевски Ј.Мицко од село Жван опш. Демирхисарска окол. Битолска.

    Роден сум на ден 15.Х.1884 год. во село Жван Битолско. Произлегувам од бедна селска фамилија.
    Мојот татко се занимаваше со земјоделие и беше татко на 10 деца. Бидејќи да земјата што ја имаше неможеше да го прехрани нашето семејство, татко ми беше приморен да оди на печалба во соседните држави, а повеќе во Бугарија.

    Во 1902 год. Во нашето село Жван имаше поставен пољак Турчин на име Месоле Бајрам родом од турското село Суводол-Битолско. Истијот пољак во селото вршеше голем терор и насилија како: потурчување, силување и др. Сето тоа што тој го вршеше, во селото, народот не можеше да го поднеси, затоа селаните бараа преку востаничкиот комитет, да се пољакот отепа. За извршување на убиството од страна на комитетот бевме одредени јас и мојот брат Стојан.

    На ден 18 мај 1902 год. кога пољакот Турчин беше одреден за ручек во нашата куќа, јас и мојот брат Стојан го отепавме со секира. Тоа секира денес се чува во Нар. музеј во гр. Крушево.

    После убиството јас и мојот брат Стојан станавме КОМИТИ, а мојот татко пребега во Бугарија. Кога разбраа Турците за убиството, дошле во селото, но нас возрасните не не најдоа, а ја нашле само мојата мајка со 6 деца испод 10 години мајками ја отерале во битолскиот турски затвор каде ја држаа 6 месеци. Пошто мајками беше трудна таму во затворот роди малечко поради што и ја пуштиле. Имотот и покуќаината Турците ни го разграбаа…

    После убиството јас и мојот брат Стојан, стапивме во четата на војводата Велко – учител од село Селце-Крушевско. Таа чета се движеше во Крушевскиот реон околу селата: Пуста Река, Радово, Кочишта, Дивјаци, Растојуп, Ракитница и др.

    Во месец мај 1903 год. нашата чета се новагаше во село Ракитница во близина на 3 км. од турското село Прибилци, каде имаше турска војска и мудурница.

    Во селото Ракитница нашата чета беше предаена од предавникот турски слуга – Петре од село Ново Село. Нашата чета беше обколена од турска војска. Настана крвава борба. Во истата борба загинаа 10 кумити мојот брат Стојан, војводата Велко и др. За истата борба постои песна, која ја најмногу сакам. Јас и останатите – спасените кумити отидовме во Крушево кај војводата Никола Карев, а тој со уште 4 другари ме испрати во Мариово.

    За време на илинденското востание се новоѓав во мариовскиот реон во четата на војводата Толе Паша, каде останав се до јуриетот 1908 год. Нашата чета се движеше, а нејзин реон и беа селата: Маново, Дуњи, Витолишта, Топлица, Беловодица и др.

    Во мариово водевме голема и упорита борба со грчките чети, на кои центар им беше селото: Старавина и Градешница. Во борбите со грчките чети загинаа многу кумити, а беше отепан и нашиот војвода – Марко од село Витолишта. После него за војвода постнаа Трајко Зајката од село Живојно – мариовско.

    Во мариовскиот крај нашата чета држаше ред меѓу тамошното население како на пример: луѓето не ги пушташе да се суда во турските судови момите не ги оставаше да веза големи везови, забранувавме да за време на свадба таткото на момата да зема многу пари и дарови од зетот. Ги забранувавме носење и давање на многу накити и уште многу др. нужни и корисни за тоа време работи.

    Од сето горе изложено, како и од документите и сликите се гледа дека бев активен борец за време на Илинденското востание и по Ил. востание односно во време од 1902-1908г.

    20-ХИИ-56г.
    с.Жван