петок, август 7, 2026
Дома СВЕТ ФАО предупредува: Светот е на работ од нов раст на цените на...

ФАО предупредува: Светот е на работ од нов раст на цените на храната – Војните во Иран и во Украина, заедно со Ел Нињо, создаваат совршена бура

1
epa12562913 A person inspects a barley field before the harvest season in Sana'a, Yemen, 01 December 2025. The Food and Agriculture Organization (FAO) has developed a plan for Yemen to mobilize more than 260 million US dollars to support approximately 1.34 million households (9.38 million people) across the conflict-ravaged country, focusing on restoring local food production, strengthening agrifood systems and reducing long-term reliance on external aid through 2027, FAO reported. Yemen remains one of the world’s most severe humanitarian crises, with 17.1 million of the Arab country's 30 million people facing crisis levels of food insecurity. EPA/YAHYA ARHAB

Трошоците за производство растат, а приносите од земјоделските култури паѓаат. Површините под пченица и пченка на глобално ниво веќе беа намалени во текот на првите три месеци од војната со Иран, додека некои американски производители се префрлија на одгледување соја, која бара помалку ѓубриво. Австралија, еден од најголемите светски извозници на земјоделски производи, оценува дека би можело да падне производството на зимски култури за 21 процент, делумно поради наглото зголемување на цените на горивото и на ѓубривата, како и поради неизвесноста во снабдувањето. Монсунските дождови во Индија веќе доцнат, а метеоролозите предвидуваат помалку врнежи од просекот и во текот на овој месец, што би можело да го загрози производството на ориз и дополнително да ги зголеми цените на храната на светскиот пазар

 

Светот е на работ од нов бран на зголемување на цените на храната, бидејќи војните во Иран и во Украина, заедно со климатскиот феномен Ел Нињо, создаваат совршена бура во која трошоците за производство растат, а приносите од земјоделските култури паѓаат, оценува главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Максимо Тореро.

Цените на храната беа еден од главните двигатели на глобалниот бран на инфлација во 2022 година, но годинава останаа претежно стабилни, ублажувајќи ги последиците од зголемувањето на цените на енергијата во некои земји. Сепак, експертите предупредуваат дека наскоро би можела да се промени оваа ситуација, бидејќи зголемувањето на цените на суровата нафта, намалената достапност на ѓубрива од земјите од Персискиот Залив, недостигот на дизел во одредени делови од светот и екстремните временски услови ги зголемуваат трошоците за производство, што, со одредено задоцнување, ќе влијае и на цените на храната.

– Очекувам дека ќе продолжат да растат цените на суровините и дека позначајно ќе почнат да растат цените на храната до крајот на годинава. Следната година, тој раст речиси сигурно ќе биде уште поизразен – рече Тореро во интервју за „Ројтерс“.

Според него, потребни се помеѓу три и шест месеци за да се одразат промените во цените на суровините на цените на храната што ја плаќаат потрошувачите. Иако се зголемија цените на одредени земјоделски производи, како што се пченицата, пченката и оризот, во последните месеци, тие, сепак, најмногу ги одразуваат добрите приноси од претходниот период, а не тешкотиите што се очекуваат во следната сезона.

– Хормускиот Проток е проблем што влијае на сите сегменти на земјоделското производство. Цената на нафтата влијае на наводнувањето, пакувањето, преработката и на транспортот, додека природниот гас е клучна суровина за производство на ѓубрива – рече Тореро.

Истовремено, штетата предизвикана од Украина на руската нафтена и гасна инфраструктура дополнително го ограничува извозот на дизел и на природен гас, важни фактори во земјоделското производство. Бидејќи цените на суровините се тргуваат на глобалниот пазар, последиците се чувствуваат низ целиот свет, иако побогатите земји имаат поголеми финансиски ресурси за поддршка на производителите.

– Се зборува за тоа во Европа, САД, Бразил и во Азија. Намалувањето на заработката ги принудува земјоделците да ги преиспитаат одлуките за тоа што и колку да сеат – рече Тореро.

Американската федерација на земјоделски бироа предупреди дека производителите на деветте најважни култури во САД, без владина помош, би можеле да претрпат загуби од околу 32 милијарди долари во текот на 2027 година. Според оваа процена, ниту една од анализираните култури нема да донесе доволно профит за да ги покрие трошоците за производство. Површините под пченица и пченка на глобално ниво веќе беа намалени во текот на првите три месеци од војната со Иран, додека некои американски производители се префрлија на одгледување соја, која бара помалку ѓубриво. Австралија, еден од најголемите светски извозници на земјоделски производи, неодамна изјави дека би можело да падне производството на зимски култури за 21 процент, делумно поради наглото зголемување на цените на горивото и на ѓубривата, како и поради неизвесноста во снабдувањето.

И нe е само тоа. Се очекува годинашниот Ел Нињо да биде особено изразен, што би можело да предизвика значителни промени во моделите на врнежи, да влијае на цените на земјоделските производи и да стави десетици милиони луѓе во состојба на сериозна несигурност во снабдувањето со храна. Монсунските дождови во Индија веќе доцнат, а метеоролозите предвидуваат помалку врнежи од просекот и во текот на овој месец, што би можело да го загрози производството на ориз и дополнително да ги зголеми цените на храната на светскиот пазар.

ИЗДВОЕНИ