среда, јули 8, 2026
Дома МАГАЗИН Европскиот парламент усвои нови правила: Патниците во воздушниот сообраќај добиваат поголеми права...

Европскиот парламент усвои нови правила: Патниците во воздушниот сообраќај добиваат поголеми права и надомест за доцнење на летови

0
Со новите правила се задржува правото на патникот во случај на доцнење на лет повеќе од три часа или откажување на лет помалку од 14 дена пред планираното поаѓање.
Износите за надомест остануваа 250 евра до 1.500 километри, 400 евра за летови во рамките на ЕУ и за летови меѓу 1..500 и 4.500 километри, како и 600 евра за останатите летови. Според новите правила, авиокомпаниите ќе мораат да ги известат патниците по електронски пат за нивните права и можности за поднесување барање за надомест за доцнење најдоца 96 часа по пристигнувањето.
По приемот на барањето, превозниците ќе мораат веднаш да го потврдат приемот, а во рок од 30 дена да исплатат надомест или да дадат образложение во случај барањето да е одбиено.
Со новите правила ќе биде забранета праксата „no-show“, според која на патниците би можело да им биде оневозможено качување на повратен лет доколку не го користеле летот на заминување.
Воведена е и поголема транспарентост на цените на картите, па основната прикажана цена, вклучувајќи дозволен рачен багаж, ќе мора да биде јасно надедена пред почетокот на резервацијата со цел патниците да можат полесно да ги споредат понудите од различни превозници.
Дополнителено се засилени и правата на лица со инвалидитет и намалена подвижност, на децата, на трудниците и на малолетниците без придружба.
Трудниците, децата помлади од 14 години, малолетнциите и лицата кои придружуваат патници со намалена подвижност ќе мора да им биде овозможено заеднично седење без дополнителен надомест, пренесува „Хина“.

ИЗДВОЕНИ