Младиот македонски пливачки шампион, Марко Пејчиновски, со својот статус на социјалната мрежа „Фејсбук“, ги загрижи не само многутемина љубители на пливањето туку и на спортот воопшто. Тој напиша дека, можеби, е крај на неговата кариера, и сето ова најмногу ќе зависи од неговата здравствена состојба.
– Крај на пливачката кариера? Во моментов, нов пливачки подвиг ми изгледа како далечен сон, а не како реалност. Секој ден се соочувам со истите прашања: дали ќе можам да се вратам, дали повторно ќе бидам истиот Марко, дали вреди да продолжам, дали и ова ќе биде уште еден сон што ќе згасне? – рече Пејчиноски.
По статус на „Фејсбук“, дека планира крај на кариерата, редакцијата ВЕЧЕР го контактираше младиот пливач за да појасни за својот статус, поточно дали навистина е ова крај или, пак, само некое време ќе се оддалечи од пливањето.
– Сѐ уште не можам да потврдам дали ќе продолжам или ќе се откажам од пливањето. Имам уште еден-два подвизи што навистина сакам да ги направам, но тоа ќе биде само ако немам физички и здравствен проблем. Здравјето го ставам на прво место и не сакам да си наштетам ако гледам дека не можам. Секогаш сум се стремел да го правам тоа што го сакам, немам потреба никому да му се докажувам и затоа сакам, чекор по чекор, да видам дали ќе можам да продолжам, а за одлуката ќе објавам кога ќе биде конечна – ни кажа Марко.
Тој додаде дека не може ништо да вети.
– Иако сум млад, свесен сум дека, можеби, немам уште многу години пред мене за вакви подвизи. Чувствувам дека има во мене уште еден или два што навистина сакам да ги остварам. Дали ќе успеам? Не знам. Ако успеам, тоа ќе биде најголемиот подвиг во мојот живот, но денес не можам ништо да ветам. Но, едно знам со сигурност: ќе дадам сѐ од себе, а откажувањето не е опција. Ако е Божја волја, ќе успеам. Имам целосна верба во Бога и во Неговиот план.
По ваквиот статус на „Фејсбук“, весникот ВЕЧЕР го контактираше за да појасни за својот статус, поточно дали навистина е ова крај на кариерата или, пак, само некое време ќе се оддалечи од пливањето.
– Сѐ уште не можам да потврдам дали ќе продолжам или ќе се откажам од пливањето. Имам уште еден-два подвизи што навистина сакам да ги направам, но тоа ќе биде само ако немам физички и здравствен проблем. Здравјето го ставам на прво место и не сакам да си наштетам ако гледам дека не можам. Секогаш сум се стремел да го правам тоа што го сакам, немам потреба никому да му се докажувам и затоа сакам, чекор по чекор, да видам дали ќе можам да продолжам, а за одлуката ќе објавам кога ќе биде конечна – ни кажа Марко.

Минатата година, Марко го реализираше својот модифициран триатлон „Ајронмен“, во должина од вкупно 107 километри, со трчање, возење велосипед и пливање.
Пејчиновски е момче што ги помести границите на можностите во македонското пливање. И покрај тоа што се соочува со некроза на ногата, тој уште на 12-годишна возраст, во 2018 година, стана најмладиот пливач што ја совладал патеката од Свети Наум до Охрид. Неговиот историски триумф кулминираше со неверојатната „Одисеја 2022“, кога во едно лето комплетираше 10 екстремни препливувања со вкупна должина од 250 километри. (С. Т.)












