четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ „Европол“: Конфликтот на Блискиот Исток ќе има директни последици за безбедноста на...

„Европол“: Конфликтот на Блискиот Исток ќе има директни последици за безбедноста на ЕУ

60
Фото; EPA/ATEF SAFADI

Војната на Блискиот Исток ќе има директни последици за безбедноста на Европската Унија, од зголемената закана од тероризам и организиран криминал, до насилниот екстремизам и сајбер нападите, предупреди „Европол“, објави шпанската агенција „EFE“.

Портпаролот на „Европол“, Јан оп ген Орт, изјави дека очекува повеќе сајбер напади врз европската инфраструктура и предупреди за зголемување на онлајн измамите со користење на сè пософистицирана вештачка интелигенција.

Групите поврзани со Иран би можеле да се обидат да организираат „дестабилизирачки активности“ во рамките на ЕУ, додаде тој, осврнувајќи се на сојузниците од таканаречената Оска на отпорот – мрежа на антиамерикански и антиизраелски милиции во Ирак, Либан и Јемен.

Ова, рече тој, би можело да вклучува терористички напади, кампањи за заплашување, финансирање на тероризам и сајбер криминал, објавува „Индекс“.

„Нивото на закана од тероризам и насилен екстремизам во ЕУ се смета за високо“, рече Орт, додавајќи дека терористичките закани би можеле да бидат засилени од дејствијата на поединци или мали ќелии кои дејствуваат по сопствена иницијатива.

Тој, исто така, предупреди на опасностите од интернетот, истакнувајќи дека „брзото ширење на поларизирачка содржина на интернет би можело да ги забрза процесите на радикализација меѓу заедниците на дијаспората во рамките на ЕУ“.

ИЗДВОЕНИ