Европејците масовно ја напуштаат платформата „Икс“

186

Најновите податоци, кои ги објави платформата „Икс“, а кои беше обврзана да ги објави за да се усогласи со клучниот технолошки правилник на Европската Унија – Законот за дигитални услуги, покажуваат остар пад на бројот на корисници во Европа.

Од август минатата година платформата изгуби 11 милиони европски корисници, со најголемите „егзодуси“ забележани во Франција (2,7 милиони), Полска (1,8 милиони) и Германија (1,3 милиони).

Денеска платформата има околу 95 милиони корисници во Европа, што е пад за приближно 105 милиони минатата година, што претставува пад од 10,5 отсто за шест месеци. Литванија и Луксембург изгубија четвртина од своите корисници. Маск, кој беше еден од најистакнатите советници на американскиот претседател Доналд Трамп, во првите 100 дена од неговиот втор манадат – ја купи „Икс“, позната како „Твитер“ во 2022 година. Неговите промени на правилата на платформата и потткнување на десничарските политички партии од САД до Европа предизвикаа критики поради засилувањето на дезинформациите и говорот на омраза на мрежата.

 

Париз ја напушти платформата во јануари, придружувајќи се на на низата други профили кои избегаа од преземањето на Маск, од легендарниот писател Стивен Кинг до Универзиретот Лидс и медиски куќи, вклучително со британскиот весник „Гардијан“.

 

ИЗДВОЕНИ