Екстравагантно облечените познати личности, на тема „Модата е уметност“, го означија годинашниот „Мет гала“, еден од најзначајните модни настани, кој се одржува за собирање средства за Институтот за костими при музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.

Блејк Лајвли

Меѓу гостите, филмски ѕвезди, манекенки, дизајнери и други значајни личности од светската елита што во понеделникот вечерта грандиозно се искачија по скалите на Мет гала беа и: Кејти Пери, Мадона, Хајди Клум, Сем Смит, Блејк Лајвли, Ријана, Ким Кардашијан…

Сем Смит
Кајли Џенер
Кејти Пери

Бијонсе, Никол Кидман, Венус Вилијамс и Ана Винтур беа копретседателки на „Мет гала“ за 2026 година, а Лорен Санчес Безос – почесна копретседателка.

Ријана

„Модата е уметност“ беа темата и кодексот на облекување на годинашната „Мет гала“, а оние што присуствуваа имаа можност да покажат како се инспирирале од темата и да се појават во креации како уметнички дела.

Хајди Клум

Хајди Клум се појави како мермерна статуа, а на креациите на дел од ѕвездите референции им беа различни уметнички дела.

Мадона
Ким Кардашијан

Фото: ЕПА/ЕФЕ

ИЗДВОЕНИ