Младич (19), кој кон крајот на април оваа година испратил низа лажни извештаи за поставени бомби во училишта и градинки низ Хрватска, се изјасни за виновен и се спогоди со обвинителството.
Тој постигна договор со Канцеларијата за борба против корупцијата и криминалот (Ускок) според кој ќе добие една година безусловна затворска казна, дознава хрватскиот РТЛ.
Обвинителството поднесе обвинение против младиот човек до Окружниот суд во Сплит за кривично дело тероризам.












