Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа висок пораз од Барселона (47:27) во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Натпреварот во „Палау Блауграна“ за крај беше награда за пелистерци за тешката групна фаза, а тимот на Стевче Алушовски немаше сили за никаква сензација.
Во Барселона се беше решено уште во првото полувреме кога Шпанците поведоа со 24:15. Македонскиот шампион водеше трипати на почетокот со еден гол предност, последен пат 3:2. Пота следеше пресврт, серија од 2:0 за Барселона, па уште една со која зголемија на 11:6. Покажаа дека сакаат се да решат побрзо, имаа постојано предност. Откако на почетоко на второто полувреме ја раситнија „десетката“ и поведоа со 25:15 двоцифрената предност остана до крај. Убедливата предност одеше и дотаму што домаќините дојдоа на „плус 19“, а во 57 минта првата имаа и 20 гола плус.
Вардар, може да се каже дека на гостувањето во Барселона си помина исто како Загреб, кој загуби со истата разлика (46:26)
„Сакам да ѝ ја честитам победата на Барселона. Тие беа подобри во секој аспект на ракометната игра. Имавме многу бавен напад, не бевме доволно агресивни во играта во одбрана. Мислам дека го срушивме рекордот на Загреб и примивме 47 гола. Едноставно, кога играте во Барселона без одбрана, не можете да се надевате на некаков позитивен резултат“, ијави по натпреварот тренерот на македонскиот шампион Стевче Алушовски.
Сезоната во ракометната елита Пелистер ја завршува на претпоследната позиција во групата со биланс од две победи, две нерешени и десет порази, зад нив е само Загреб кој освои само два бода и запиша една победа токму против македонскиот претставник.
Адриан Бастера беше најефикасен на натпреварот со седум гола, додека за Пелистер по три гола постигнаа: Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ.
Сите погледи на Еурофарм Пелистер сега се насочени кон домашното првенство и Купот, и веќе во недела ги очекува големо македонско дерби, бидејќи го пречекуваат Вардар.












