Кремљ денеска соопшти дека ќе го разгледа видеото кое брзо се прошири на социјалните мрежи, а во кое руски воен ветеран упатува апел до претседателот Владимир Путин и ги обвинува руските команданти во Украина за мачење и убивање војници кои одбиваат да извршуваат, како што ги нарекува, „самоубиствени наредби“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека засега не го видел видеото објавено на Инстаграм, но додаде дека, според описите што ги добил, тоа содржи „прилично чудни изрази“.
Објавата на ветеранот Александар Лунин, кој не понудил докази ниту именувал наводни жртви или сторители, за помалку од 24 часа собрала повеќе од 12 милиони прегледи. Инстаграм е забранет во Русија и до него може да се пристапи само преку виртуелна приватна мрежа (VPN).
“The army will turn its weapons against the Kremlin”
Russian soldier threatens Putin with a new military mutiny.
He claimed that Russian soldiers are being tortured and punished for refusing to carry out what he called “senseless suicidal orders.” pic.twitter.com/CaJnJIU2PU
— Visegrád 24 (@visegrad24) June 25, 2026
Пред неговото обраќање, Лунин бил речиси непознат за пошироката руска јавност. Тој живее во руската Воронешка област, а не е познато дали му се обраќа на Путин во свое име или, како што тврди, ги претставува и другите војници.
Во видеото Лунин тврди дека илјадници руски војници кои се борат во Украина се држат во јами затоа што одбиле да извршат „глупави и самоубиствени наредби“ или затоа што не сакале да им предадат пари на своите команданти.
Тој исто така тврди дека таквите војници биле мачени пред да бидат убиени, а потоа нивните команданти ги прикривале случаите тврдејќи дека исчезнале во борбите.
Лунин видеото го снимил облечен во воена униформа со бројни одликувања и порача дека армијата би можела да го насочи оружјето кон Кремљ доколку Путин наскоро не го прифати на средба што би се емитувала во живо.
Запрашан за видеото, Песков одговори дека Кремљ најпрво мора да го погледне пред да даде каков било коментар.
„Ни беше кажано дека постои такво обраќање, но досега немавме можност да го погледнеме. Според тоа што го слушнавме, содржи некои прилично чудни изрази, па најпрво мора да го погледнеме“, изјави Песков.












