недела, октомври 4, 2026
Дома БАЛКАН Додик прогласи убедлива победа на СНСД

Додик прогласи убедлива победа на СНСД

0

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, прогласи убедлива победа на СНСД.

Тој им се заблагодари на граѓаните на Република Српска.

„Прогласувам победа на сите нивоа. Ви благодарам на сите. Овој резултат е сличен на оној од пред 20 години. Им благодариме на сите луѓе што застанаа зад нас. Повеќе од 120.000 луѓе присуствуваа на нашите митинзи. Нека не нè прашуваат за промена на нашите политички ставови. Ова е ветување што го дадовме пред народот и ќе продолжиме напред за доброто на нашиот народ“, изјави Додик.

Тој нагласи дека, заедно со коалициските партнери, дефинитивно ќе имаат двотретинско мнозинство во парламентот на Република Српска.

Додаде дека денот бил успешен.

„Ова се политики на народот – победнички политики. Ова е ветување кон народот дека нашите политики нема да се променат. Одиме напред за доброто на нашиот народ“, нагласи Додик, како што пренесе РТРС.

ИЗДВОЕНИ