
Руската новинска агенција РИА Новости објави дека руските трупи ги нападнале украинските сили кои се подготвувале да извршат инвазија во областа Брјанск.
Веста ја соопшти координаторот на Русите од Миколаев, Сергеј Лебедев.
Во исто време, Владимир Зеленски изјави дека не може да ја гарантира безбедноста на странските лидери кои планираат да присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва.
Ова не е прва остра изјава на Зеленски на оваа тема. Тој веќе зборуваше за „слабите точки“ на Русија и истакна дека Москва „со право е загрижена“ за парадата по повод 80-годишнината од победата.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека церемонијата дефинитивно ќе се одржи и дека Русите ќе ја гледаат со гордост.
Зеленски ја отфрли и руската понуда за примирје за време на прославата на годишнината од победата.
Во понеделникот Владимир Путин прогласи примирје кое важи од полноќ меѓу 7 и 8 мај до полноќ меѓу 10 и 11 мај.
Лебедев изјави дека вооружените сили на Украина се обиделе да создадат слична ситуација како минатата година.
Според него, руските сили погодиле:
* Фабрика за поправка на воена опрема во Запорожје под контрола на Киев,
*Центар за обука во воена база во предградието на Полтава каде што исто така се обучувале и оператори со дронови,
*како и резервисти на вооружените сили на Украина во регионот Дњепропетровск кои беа префрлени во втората линија на одбрана.
– Во областа Суми се елиминирани украинските борци кои побегнаа од областа Курск, додаде Лебедев.