Полицијата во Антиока, Калифорнија, соопшти дека десетгодишно девојче спречило кражба на возило и ги заштитило своите браќа и сестри од осомничен кој се обидел да го украде автомобилот на нејзината мајка.
Девојчето Алаја се наоѓало во возилото со двајца браќа и со сестрите додека нивната мајка стоела пред цвеќара, наведува Ен-Би-Си Њуз.
Во моментот кога мајката отишла да остави цвеќе во цвеќарата, непознат маж седнал на возачкото седиште и се обидел да го украде возилото во кое се наоѓале децата.
Алаја брзо реагирала – скокнала на предното седиште и почнала да се бори со осомничениот, при што го натерала да излезе од возилото и да побегне.
Децата веднаш ја известиле својата мајка, која повикала полиција. Полицијата го посетила семејството и ѝ врачила подароци за Алаја, која, како што соопштија, е роднина на еден од локалните полицајци.
ИЗДВОЕНИ

Златните прачки и монети се сигурна инвестиција за Македонците, грам чисто злато чини 125 долари

Реакција: ЗНАМ е државотворна партија и не ги менува ставовите според дневнополитичките интереси

Власта уверува дека Алта банка ќе биде спасена од стечај

Хибридно решение за правосудниот испит – теоријата може на албански, практиката само на македонски јазик!








