Руска фрегата испукала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води крај брегот на Данска, за малку промашувајќи го леталото, соопштија вооружените сили на оваа нордиска земја-членка на НАТО. Хеликоптерот бил на рутинска мисија за фотографирање на руската фрегата, соопшти Данската команда за одбрана, а пренесе Ројтерс.
Сигналните ракети се пиротехнички средства што вообичаено се користат на море како сигнал за предупредување, се додава во соопштението.
Данска ќе го повика рускиот амбасадор во Копенхаген на средба во врска со инцидентот, изјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус за телевизијата ТВ2.












