среда, јуни 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата скокнаа поради и натаму лошите изгледи за отворање на...

Цените на нафтата скокнаа поради и натаму лошите изгледи за отворање на Ормускиот теснец

185
EPA/ROMAN PILIPEY

Цените на нафтата денес нагло пораснаа, бидејќи изгледите за брзо решавање на конфликтот меѓу САД и Иран и повторното отворање на Ормутскиот теснец остануваат слаби.

Суровата нафта Брент порасна за 6 проценти на 118 долари за барел, додека американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) порасна за 7 проценти на околу 107 долари за барел, објави „Трејдинг економикс“.

Скокот се случи во време кога пазарите го анализираат шокантното повлекување на Обединетите Арапски Емирати од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус), поради знаци дека конфликтот меѓу САД и Иран би можел да продолжи.

ИЗДВОЕНИ