понеделник, јули 6, 2026
Дома СПОРТ Цел свет зборува за изјавата на Килијан Мбапе

Цел свет зборува за изјавата на Килијан Мбапе

0
epa10348347 Kylian Mbappe of France celebrates scoring the 3-0 goal during the FIFA World Cup 2022 round of 16 soccer match between France and Poland at Al Thumama Stadium in Doha, Qatar, 04 December 2022. EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Француската фудбалска репрезентација се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство откако го победи Парагвај со 1:0, на исклучително тежок и исцрпувачки натпревар од осминафиналето. „Триколорите“ ја остварија победата благодарение на голот на Килијан Мбапе од пенал, во 70. минута.

Французите се сметаа за голем фаворит, но на теренот наидоа на исклучително силен и агресивен отпор од парагвајската репрезентација. Од првата минута Јужноамериканците се обидуваа да го скршат ритамот на играта и да ја искористат физичката игра за да ги неутрализираат најголемите ѕвезди на европската селекција.

Во првото полувреме, речиси и да немаше простор за препознатливите комбинаторики на Франција. Парагвај го претвори дуелот во рововска битка и токму Мбапе претрпи најмногу удари.

Тензиите дополнително се зголемија по грубиот старт над францускиот капитен. Потоа следуваше турканица на играчите од двете репрезентации, додека неколку минути подоцна, Матијас Галарза го удри Мбапе со лакот во главата.

Франција, сепак, успеа да го скрши отпорот на противникот во продолжението од натпреварот. Дезир Дуе доби пенал по прекршокот на Диего Гомес, а судијата покажа кон белата точка откако ги прегледа снимките од ВАР.

Мбапе ја презеде одговорноста и рутински постигна гол за 1:0. Тоа беше негов седми гол на годинашното Светско првенство.

По натпреварот, тој не го криеше своето задоволство од начинот на кој неговата репрезентација освои место меѓу осумте најдобри репрезентации во светот. Тој истакна дека дуелот го покажал вистинското лице на неговиот тим.

– Знаевме каква игра нè чека. Мислам дека начинот на кој игравме беше многу добар – рече Мбапе.

Потоа испрати порака што привлече големо внимание кај француските медиуми. Тој нагласи дека Франција не е тим што знае само да игра убав и напаѓачки фудбал.

– Покажавме дека не сме само тим што знае да игра напаѓачки фудбал. Ако треба да си ги извалкаме рацете, ќе ги извалкаме, извинете за изразот! Немаме проблем со тоа – додаде Мбапе.

Франција ќе се соочи во четврт-финалето со Мароко, кое ја елиминираше Канада во осминафиналето, со убедлива победа од 3:0.

ИЗДВОЕНИ