Чешката Република даде дозвола авионот на словачкиот премиер Роберт Фицо да лета до Русија, каде што тој ќе учествува на прославата на 81-годишнината од Денот на победата во Втората светска војна, објави вечерва портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи, Адам Черге.
Черге изјави дека словачката страна ѝ испратила на Чешка стандардно барање за дозвола за прелет за авионот на Фицо и дека тоа е издадено без одложување. Фицо претходно изјави дека планира да положи цвеќе на гробот на непознатиот војник на 9 мај за време на неговата посета на Москва и се надева дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Словачкиот претседател изјави дека патува во Москва за да им оддаде почит на војниците на Црвената армија кои загинаа борејќи се против нацистите за ослободување на Словачка. Естонија, Литванија, Латвија и Полска му забранија на авионот на Роберт Фицо да лета над нивните територии за време на неговата посета на Москва по повод Денот на победата на 9 мај.












