сабота, октомври 10, 2026
Дома СВЕТ Бројот на жртви во рускиот воздушен напад на Запорожје се искачи на...

Бројот на жртви во рускиот воздушен напад на Запорожје се искачи на 17, повредени се најмалку 18 лица

52
Фото:пекслес, илустрација

Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје се искачи на 17, а 18 лица се повредени, соопштија денеска украинските власти, напоменувајќи дека во текот на денот се повредени и седум лица во Киев, од кои тројца се во тешка состојба.

Меѓу загинатите во рускиот напад врз станбен блок во Запорожје рано утринава има и три деца, вклучително и шестгодишно девојче, пренесува „Ројтерс“.

Најмалку 18 лица се повредени во нападот врз индустрискиот град, чија периферија се наоѓа на помалку од 30 километри од линијата на фронтот.

Официјалниот претставник од Запорожје, Михајло Семикин, изјави дека во раните утрински часови истовремено биле погодени неколку локации.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека најмалку седум лица се повредени – од кои пет се хоспитализирани, а тројца се во тешка состојба – во руски напад врз ресторан во украинскиот главен град во текот на денот, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ѝ се „заблагодарила“ на Вашингтон за укинувањето на санкциите и договорот за увоз на дизел, со тоа што фрлила пет бомби врз Запорожје.

Ова е трет случај на голем број жртви во Украина оваа недела. Околу 80 цивили загинаа во руските напади во средата и четвртокот, вклучително и најмалку 30 лица кои загинаа при бомбардирање во Краматорск и 22 кои загинаа во ракетен напад врз Прилука.

ИЗДВОЕНИ