недела, август 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Бројот на странски туристи во првите пет месеци зголемен за 23,6 %

Бројот на странски туристи во првите пет месеци зголемен за 23,6 %

24

Туризмот е еден од приоритетите на Владата. Според најновите показатели, Македонија бележи значителен раст на авиосообраќајот и на туризмот во регионот.

Извештајот на Светска банка потврдува дека, на годишно ниво, бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40 %.

Позитивниот тренд го потврдуваат и официјалните статистички податоци, така што во првите пет месеци од годината, бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти во споредба со тој период минатата година.

Особено значајно е што се развива туристичката понуда во текот на целата година, односно дека покрај летниот туризам, сè поголем потенцијал имаат и културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам.

– Поголемиот број туристи значи повеќе работа и приходи за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите, малите и семејните бизниси, но и поголеми можности за развој на локалните заедници. Владата паралелно создава услови за нови инвестиции во туристичките капацитети, со поедноставување на процедурите и со подобрување на деловната клима. Целта е во Македонија да има повеќе сместувачки капацитети, поквалитетна понуда и повисоки стандарди во туристичкиот сектор – нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фокус е ставен и на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој, се обезбедува финансиска поддршка за инвестиции во руралните средини, со што се отвора простор за развој на семејните бизниси, создавање нови туристички содржини и за отворање нови работни места.

 

ИЗДВОЕНИ