четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Бродовите што носат хуманитарна помош во Газа нападнати од дронови

Бродовите што носат хуманитарна помош во Газа нападнати од дронови

36

Бродовите што носат хуманитарна помош за Газа во вторникот вечерта беа нападнати од беспилотни летала. Глобалната флотила од 51 брод, чиј член е и активистката Грета Тумберг, беше нападната во меѓународните води покрај грчкиот остров Крит.

– Израелските окупациски сили почнаа најмалку 11 напади врз Глобалната морска флотила, која се наоѓа на 600 наутички милји од Газа, користејќи шок-бомби, експлозиви и, очигледно, хемиски агенси – објави флотилата на својот официјален инстаграм-профил.

Во објавата се тврди и дека Израел им се заканува и ги тероризира сите хуманитарни работници што транспортираат помош во меѓународните води.

Ова не е прв напад врз флотилата со активистката Грета Тумберг, која патува за Газа. Минатата недела имаше информација за пожар, по наводен напад со беспилотно летало врз еден од бродовите, што Турција, во чии води се случил инцидентот, го негираше. Во јуни, кога беше првиот обид на активистите да влезат во Газа со хуманитарна помош, израелските сили се качија на еден од бродовите и приведоа 12-мина активисти, меѓу кои и Тунберг.

 

ИЗДВОЕНИ