сабота, октомври 31, 2026
Дома СВЕТ Брод се преврте во делтата на Дунав во Романија, меѓу настраданите и...

Брод се преврте во делтата на Дунав во Романија, меѓу настраданите и едно дете

106

Едно дете беше меѓу четирите лица кои се удавија кога брод се преврте во бура во делтата на Дунав во Романија, објавија денес поморските власти, пренсе „Бета“.

Бродот превезувал 14 лица кога инцидентот се случил во понеделник на огранокот Сулина на Дунав, во округот Тулча, во близина на Црното Море.

Романската поморска администрација соопшти дека се случил во лоши временски услови, со силни ветрови и бранови високи до 2 метри.

Десет преживеани се однесени во болница, а имињата и националностите на повредените не се објавени.

ИЗДВОЕНИ