Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, пишува Телеграф.
Вучиќ беше на службено патување во САД каде што требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но неговата посета нагло беше прекината откако му се слоши.
На Вучиќ му се слошило рано попладне по локално време додека се подготвувал за следните средби. Тој веднаш по прегледот решил да се врати во Србија.
Во воената болница во Белград го пречекаа министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен доктор на Борис Тадиќ.
Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на социјалната мрежа Х напиша порака за поддршка на Вучиќ.
За состојбата на претседателот зборуваше и претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ. Во објава на Х, таа напиша дека состојбата на претседателот е „сериозно нарушена“.
„Вака беше непланирана средбата меѓу претседателот Вучиќ и претседателот Трамп. Колку мора да си мизерен да лажеш како Понош за вакви работи. И ова покажува колку е сериозно оштетено здравјето на претседателот Вучиќ и колку се нечовечко прават сите оние кои со нетрпение го очекуваат ова. Засекогаш со Александар Вучиќ! Србија ќе победи!