сабота, јули 4, 2026
Дома СВЕТ Британската полиција започна нова истрага за случаи со сексуална злоупотреба на деца...

Британската полиција започна нова истрага за случаи со сексуална злоупотреба на деца поврзани со Епштајн

46
EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Британската полиција започна истрага за два случаи на сексуална злоупотреба на деца откако информации поврзани со нив се појавија во документи објавени од Министерството за правда на САД во врска со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Едниот од инцидентите се однесува на градовите Сари и Беркшир во јужна Англија и се случил во втората половина на 1990-тите, а другиот се однесува на инциденти во градот Сари кон крајот на 1980-тите, објави Ројтерс.

„Сè уште нема апсења. Сите пријави за сексуални престапи ги сфаќаме сериозно и работиме на утврдување линии на истрага за да потврдиме информации или да утврдиме докази“, соопшти полицијата во Сари.

ИЗДВОЕНИ