сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ботаничка соба со стебла од канабис откриена во стан во Аеродром

Ботаничка соба со стебла од канабис откриена во стан во Аеродром

1112

Во канти од боја за фарбање и од маслинки скопјанец пораснал високи стебла со марихуана во својот стан во населбата аеродром. Полицијата му влегла вчера и му ги запленила растенијата и сите реквизити за одгледување. Приведен е и ќе одговара за производство на дрога.

„При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ