Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор се повредил додека возел велосипед при спуштање од Пасје Равни во Словенија и заврши во болница. Тој рече дека ги скршил клучната коска и лопатката.
Пахор објави фотографија од болничкиот кревет на Инстаграм, каде што опиша што се случило.
„Сериозен пад за време на велосипедско спуштање од Пасје Равни. Скршена клучна коска и лопатка. Сè е во ред, ја напуштив итната помош синоќа, а денес веќе сум во канцеларија“, напиша Пахор. Тој додаде дека неговата кацига го спасила од сериозни последици.
„Ударот на мојата глава врз асфалтот беше толку силен што не почувствував други повреди за време на падот. Кацигата ме спаси. Кога се вратив дома од болница, ја бакнав“, порача тој во објава на Инстаграм.
View this post on Instagram












