Блазе си ви ако ги поседувате овие 3 лоши особини: Тие покажуваат дека сте натпросечно интелигентни!

296

Истражувачите откриле дека луѓето кои пцујат, кои се неуредни и остануваат будни до раните часови имаат поголем коефициент на интелигенција од другите.

Едно истражување следело колку пцовки можеле да запомнат субјектите во една минута, а потоа го измериле нивниот коефициент на интелигенција. Се испоставило дека луѓето кои паметат најмногу пцовки постигнале најдобри резултати на тестот за интелигенција. Во студијата, истражувачите заклучуваат дека вокабуларот богат со пцовки може да биде знак на реторичка моќ, наместо на недостаток на речник, како што се мислеше претходно.

Уредноста е за досадни луѓе

Друго истражување, спроведено на Универзитетот во Минесота, покажа дека интелигентните и креативните луѓе почесто работат со неуредно биро. Откриено е и дека луѓето чии соби се неуредни имаат поинтересни и покреативни идеи од оние чии соби се уредни.

„Еколошките нарушувања веројатно ги инспирираат луѓето и ги ослободуваат од традицијата, давајќи им можност да размислуваат надвор од рамката“, заклучува студијата.

Покрај тоа, ако сте ноќна птица, веројатно може да се пофалите со висока интелигенција. Анализите покажаа дека луѓето кои се ноќни типови обично се поинтелигентни од оние кои легнуваат рано.

ИЗДВОЕНИ