„Дел од мојот живот“!                                                                                            Убавото македонско девојче, битолско чупе, Каролина Гочева, има нова песна, овој пат на српско-хрватски јазик. Најмногу поради потребите за повторно активирање на тамошниот музички пазар. Таа ја пее онака како што најдобро знае, а пее прекрасно, „Мог живота дио“ (Дел од мојот живот), која е проследена со прекрасен видеоспот. Видеоприказната има интересни почеток и крај и раскажува за една силна љубов за која не постојат пречки. Сето тоа е во режија на Миомир Илиќ. Каролина вели дека одамна немала толку емотивна песна, кој ја испеа со задоволство уште на првото снимање. Верува дека ќе им се допадне на нејзините обожаватели и дека ова лето ќе им помине во знакот на „Мог живота дио“.

Музиката и текстот се на Дино Мухаремовиќ, кој, инаку, беше автор и на нејзиниот претходен хит – „Дај на сунце“, за естрадната сцена во Србија, Хрватска, Босна и во Црна Гора. Модерниот аранжман го напиша Дино Шукало, кој е познат сараевски студиски музичар и долгогодишен соработник на нашата Каролина. Новата песна е снимена токму во неговото студио. (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ