сабота, ноември 28, 2026
Дома МАГАЗИН Банките, владите и разузнавачките служби пред нова закана – ВИ може да...

Банките, владите и разузнавачките служби пред нова закана – ВИ може да ги урне дигиталните брави и да ги разоткрие најчуваните тајни?! Експертите предупредуваат на опасен пробив

0

Водечките експерти предупредуваат дека новите математички откритија во вештачката интелигенција (ВИ) би можеле да ги поткопаат системите за енкрипција што ги користат банките, владите и разузнавачките агенции, иако сè уште не е познато дали компаниите за ВИ всушност пронашле начин да ги разбијат постојните алгоритми.

Теоретскиот компјутерски научник Скот Аронсон изјави за „Гардијан“ дека постојат сигурни информации дека лабораториите за вештачка интелигенција можеби постигнале значителен напредок во решавањето на математичките проблеми поврзани со криптографијата или заштитата на класифицирани информации.

Таквиот пробив би можел да го олесни дешифрирањето на банкарските трансакции, дипломатските пораки и приватните е-пошти, што би ги принудило земјите, банките и компаниите брзо да ги променат своите системи за заштита на податоци.

ИЗДВОЕНИ