Автомобил слета во Неретва, никој не преживеа, телата пронајдени на задното седиште

106

Три лица загинаа во средата вечерта во тешка сообраќајна несреќа во градот Подградина во општина Силвно, откако автомобилот излетал од патот и завршил во реката Мала Неретва.

„Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено наопаку. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 01:30 часот“, соопшти полицијата.

Телата биле пронајдени на задното седиште од возилото, објави 24sata.hr.

Починатите лица се родени во 1977, 1948 и 1964 година, сите со живеалиште во Комин, Плоче.

ИЗДВОЕНИ