Вчера попладнето на обиколницата кај клучката во населбата Радишани потполно изгоре автомобил марка „порше“. Интервенираа од Противпожарната единица во Скопје, а полицијата го регулираше сообраќајот кој во тие моменти се одвиваше со забавено темпо. Според информациите од лице место возилото се запалило во движење, а жената која го управувала не е повредена. Полицијата ги утврдува причините за пожарот. (П.А.)













