В четврток во раните утрински часови на територијата на град Скопје ќе се спроведе авионската дезинсекција против ларви од комарци.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини – информираа од Град Скопје.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.












