Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека се завршени градежните активности за асфалтирање на новопроектирана улица „7.2“ во населбата Маџари.
-Продолжуваме со инвестиции во патната инфраструктура во сите населени места низ општина Гази Баба. Современата, безбедна и ефикасна патна инфраструктура значи олеснување на мобилноста на граѓаните. Во изминатиот период, сведоци сме на реализација на значајни проекти во патната инфраструктура. Со овие инвестиции, не само што подобрува инфраструктурата, туку се создаваат и услови за рамномерен регионален развој – истакна Стефковски.
Тој додаде дека работата нема да запре тука.
-Напредокот бара континуирана инвестиција, транспарентност и ефикасна реализација на проектите. Нашата цел е да изградиме инфраструктура која ќе биде симбол на урбана Гази Баба – поврзана, достапна и подготвена за иднината – заклучи Стефковски.