
За неколку часа ќе добиеме одговор и на прашањето кој тим, дали лондонскиот премиерлигаш Арсенал или пак францускиот гигант ПСЖ, по втор пат ќе обезбеди пласман во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Популарните „светци“ реванш полуфинлниот дуел на „Паркот на прицовите“ ќе го стартуваат со предност од еден гол но најверојатно и без помошта на стрелецот на единствениот погодок на „Емирати“, Осман Дембеле, кој има незгодна повреда на бутниот мускул и неговиот настап е ставен под знак прашалник.
Четата на Луис Енрике докажа дека може да биде на само пола чекор од финалниот дуел во Минхен и без помошта на Килијан Мбапе, Лионел Меси и Неимар. Од друга страна „топчиите“ повторно останаа со празни раце во Премиер лигата и доколку не одиграа совршено на гостувањето во Париз популарниот „пехар со уши“ повторно ќе остане само пуста желба.
-После поразот од Бурнемаут сите чуствуваме бес, фрустрација, имаме некое лошо чувство во стомакот. Да го искористиме сето тоа во среда, да одиграме совршено во Париз. Да победиме и да се пласираме во финалето. ПСЖ го има тој луксуз да ги одмара најдобрите фудбалери. Ја освоија лигата и затоа можат да тактизираат. Ние не ја освоивме Премиер лигата и имаме уште неколку важни натпревари за играње, изјави менаџерот на „топчиите“, Микел Артета.
Неговиот колега од спротивната страна, Луис Енрике, не откри дали ќе може да смета на услугите на најдобриот фудбалер во дресот на ПСЖ, Осман Дембеле.
-Мислам дека сме подготвени за реваншот. Очекувам тежок натпревар, можеби дури и потежок отколку во Лондон. Имаме мала предност, мора да се држиме до крајот на тој натпревар. Дембеле? Ќе биде добро за нас ако може да настапи. Но, ние мора да играме како тим, тоа го кажувам од почетокот на сезоната, изјави трофејниот шпански стручњак.