Богатото архивско наследство на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при УКИМ за првпат, е претставено преку дигитална платформа, која овозможува поширока достапност до вредни материјали од областа на македонскиот фолклор.
Дигиталната архива опфаќа разновидни содржини, меѓу кои фотографии, теренски записи и аудиоматеријали од повеќе области, претставувајќи значаен ресурс за истражувачите, научната јавност и сите заинтересирани за македонското културно наследство.
Во реализацијата на проектот учествуваа проф. д-р Зоранчо Малинов, проф. д-р Јана Манева-Чупоска, проф. д-р Емилија Апостолова-Чаловска, доц. д-р Стојанче Костов и проф. д-р Александра Кузман. Техничката изработка на платформата е реализирана во соработка со компанијата „4Виртус“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам, во рамките на конкурсите за креативни индустрии.
Со оваа иницијатива се отвора ново поглавје во зачувувањето и промоцијата на македонското фолклорно наследство, овозможувајќи неговa поголемо достапност во дигиталниот простор.












