вторник, август 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

1

По препорака на лекарите архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја откажа најавената посета на Американско-канадската епархија поради здравствени причини. Посетата беше најавена за крајот на август, во рамки на собирските манифестации на Американско-канадската епархија, чиј домаќин годинава е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго.

МПЦ-ОА во краткото соопштение не наведува детали за здравствената состојба на Архиепископот Стефан, освен дека посетата е откажана по препорака на лекарите. Синодот му посакаа на Архиепископот брзо закрепнување, за да може да ги продолжи редовните активности како поглавар на Македонската Православна Црква.

-Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук (Чикаго). На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква, стои во соопштениоето од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

Архиепископот Стефан не учествуваше во богослужбата и за празникот Преображение на 19 август.

Според најавите на црковната општина на МПЦ-ОА, „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Детроит САД, поглаварот на МПЦ-ОА на 29 и 30 август требаше да учествува на годишниот Црковно-народен фестивал. Централниот настан е предвиден за недела, 30 август, кога архиепископот Стефан требаше да чиноначалствува со Светата божествена архиерејска литургија, со почеток во 10:30 часот. На богослужбата ќе сослужуваат надлежниот митрополит Методиј и свештенството на црковната заедница. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ