петок, август 7, 2026
Дома СВЕТ Арагчи повика на единство меѓу муслиманските земји: Мора да се потпреме на...

Арагчи повика на единство меѓу муслиманските земји: Мора да се потпреме на сопствените сили

153
Фото: EPA/ERDEM SAHIN

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави денеска дека вооружените сили на Иран покажале подготвеност и сила во соочувањето со она што тој го нарече најскапата војска во светот, повикувајќи ги муслиманските земји да се обединат и да се потпрат на сопствените способности во лицето на „непријателски настроените странци“.

Неговото соопштение на платформата „Икс“ дојде неколку часа откако Саудиска Арабија, Пакистан и Турција потпишаа заеднички договор за одбрана во Мека, со што ги здружија трите сунитски муслимански земји, партнери на Соединетите Американски Држави, во време на регионален конфликт во кој иранските ракети ги таргетираа извозниците на нафта во Персискиот Залив.

Во заедничката изјава од трите земји се вели дека договорот има за цел да го зајакне колективното одвраќање од каква било форма на агресија.

Спогодбата предвидува дека секој вооружен напад врз една од трите земји ќе се смета за напад врз сите потписнички, како и подобрување на сите аспекти на одбранбената соработка меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, објави „Ројтерс“.

ИЗДВОЕНИ