„Долго ги повторуваат своите закани на различни начини, но и самите знаат дека од тие залани, па дури ни од војната што ја отпочнаа, не добија ништо и нема да добијат никакви резултати“, изјави тој за новинската агенција „ИРНА“.
Министерот нагласи дека за прашањата поврзани со Иран не постои воено решение и порача дека неговата земја „нема да се покори“. Арагчи додаде дека другата страна треба да знае дека решенијата за прашањата со Иран мора да ги бара надвор од воената арена.
Во меѓувреме Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Шји Џинпинг во текот на состанокот во Пекинг рекол дека Кина нема да ѝ дава воена опрема на Иран и дека го поддржува одржувањето на отворе Ормуски теснец.
„Рече дека нема да даде воена опрема. Тоа е голема изјава“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Трамп додаде дек Шји порачал дека Кина сака Ормускиот теснец да остане отворен.
„Претседателот Шји би сакал да види постигнат договор. Рече: ‘Ако можам да помогнам на некаков начин, би сакал да помогнам“, рече Трамп. Кинеските власти не ги потврдија неговите тврдења.
Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи за средбата не се спомнуваат Иран или Ормускиот теснец, туку само дека двајцата лидери разговарале за „главните меѓународни и регионални прашања“ вклучувајќи ги и Блискио Исток, Украина и Корејскиот полуостров.












