понеделник, септември 28, 2026
Дома СКОПСКА Аплицирањето е отворено, вратите на градинката во Инџиково наскоро се отвораат

Аплицирањето е отворено, вратите на градинката во Инџиково наскоро се отвораат

1

Новата детска градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково наскоро ќе започне со работа.

Од Општина Гази Баба велат дека со тоа се отвора ново место за  најмалите, нов простор за игра, учење, дружење и безгрижно детство.

При тоа, информираат дека е отворено аплицирањето за запишување на дечињата. Пријавата треба да се пополни лично, во просториите на централниот објект на градинката „25 Мај“, на улицата „Среќко Пужалка“, број 112, спроти ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Општинските власти ги повикуваат сите родители од Инџиково кои имаат потреба од згрижување на своите дечиња да ја искористат оваа можност и навремено да аплицираат.

 

ИЗДВОЕНИ