Започна реконструкцијата на улицата „Костурска“ во населбата Скопје Север заедно со двата големи паркинг простори и пристапни патеки. Исто така, за прв пат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење.
-Вложуваме над 65.000.000 денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север. Она што беше барање на граѓаните на Скопје Север го реализираме. Ова е најголемата градежна офанзива се случува во Скопје Север – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.












