понеделник, септември 28, 2026
Дома СКОПСКА Современо спортско игралиште во училиштето „Блаже Конески“

Современо спортско игралиште во училиштето „Блаже Конески“

1

о завршна фаза е изградбата на новото спортско игралиште од 360 квадратни метри наменето за кошарка и одбојка во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин.

-Во моментов се изведуваат завршните работи за боење и уредување на спортската површина, изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, погодна за сите временски услови. Материјалите што се вградуваат се безбедни за здравјето на корисниците и за животната средина, со што се создава уреден и сигурен простор за спорт, дружење и поттикнување на физичката активност и тимскиот дух – соопштија од Општина Аеродром.

 

ИЗДВОЕНИ