EPA/Antonio Lacerda

Бразилската фудбалска репрезентација ја забележа својата прва победа на Светското првенство, а по триумфот над Хаити, пристигна вест што дополнително ги воодушеви навивачите на „кариоките“ дека Нејмар би можел да се врати за следниот натпревар.

Бразил го победи Хаити со 3:0 во Филаделфија во второто коло од Групата Ц, со што го освои првото место на табелата со четири бода. По натпреварот, тренерот Карло Анчелоти го изрази своето задоволство од настапот на својот тим, но најголемо внимание привлече неговата најава за враќањето на најголемата ѕвезда на националниот тим.

„Нејмар денес ќе тренира самостојно, а во понеделник ќе работи со тимот. Тој ќе биде достапен за натпреварот против Шкотска“, рече Анчелоти.

Таквата порака предизвика голем ентузијазам кај бразилските навивачи, бидејќи Нејмар ги пропушти првите два натпревари на Светското првенство против Мароко и Хаити поради повреда на листот.

Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација со 79 гола на 129 натпревари би можел да се врати во решавачкиот дуел за квалификација во нокаут фазата.

ИЗДВОЕНИ