петок, јули 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Американските акции повторно во плус

Американските акции повторно во плус

76

На денешното отворање на американските берзи акциите беа во плус, бидејќи цените на нафтата паднаа откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Вашингтон им дозволува на иранските траекти да поминат низ Ормутскиот теснец.

За падот на цените на нафатата придонесе и извештајнот на „Волстрит журнал“ во кој се наведува дека САД наскоро ќе ги објават имињата на земјите кои ќе испратат бродови низ теснецот, пренесе “Си-ен-би-си“.

Берзанскиот индекс „Доу Џонс“ порасна за 501 поен, односно 1,1 отсто, S&P 500 за 1,2 отсто, а Nasdaq за 1,4 отсто. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот нареди напади на иранските воени објекти кои се наоѓаат на островот Харг. Иако нападот не влијаеше на нафтената инфраструктура, Трамп рече дека САД ќе размисли за ударите на тие објекти ако Иран продолжи да го блокира теснецот.

 

 

ИЗДВОЕНИ