петок, јуни 19, 2026
Дома БАЛКАН Американски воен брод вплови во Дубровник: Граѓаните и туристите вознемирени

Американски воен брод вплови во Дубровник: Граѓаните и туристите вознемирени

819
screenshot Dnevnik.hr

Американски воен брод влезе вчера во Дубровник, предизвикувајќи политичка дебата и поделени реакции меѓу граѓаните. Бродот беше вклучен во борбени операции на почетокот на конфликтот со Иран.

Додека хрватскиот министер за одбрана тврди дека станува збор за рутинска логистичка активност, претседателот Зоран Милановиќ предупредува дека пристигнувањето на странската војска е извршено надвор од Уставот, бидејќи за ваквите одлуки треба да одлучува Парламентот.

Многумина од граѓаните на Дубровник не ги воодушеви пристигнувањето на воениот брод.

„Дефинитивно не е пријатно, особено за туристички град. Има многу странци и верувам дека ниту нив им е пријатно“, рече Срѓан Обад, за Dnevnik.hr.

Слично мислење имаат и странските туристи.

„Не сум задоволен од ситуацијата во светот, не ја поддржувам“, порачаа Енџи и Керол од САД, додавајќи дека не очекувале да видат американски брод на таа локација. „Никако, конфликтот не е тука“.

Министерот Иван Анушиќ истакнува дека бродот е во Дубровник исклучиво од логистички причини и смета дека нема причина за загриженост.

Од друга страна, претседателот на Хрватска остро ја критикува оваа одлука, нагласувајќи дека ваквите потези мора да поминат низ парламентарна процедура.

Градоначалникот Мато Франковиќ изјави дека не бил запознаен со пристигнувањето на бродот.

„Не знаев, но реално не треба да знам“, рече тој, додавајќи: „Тоа не ме загрижува, со оглед на тоа што нивната мисија во Дубровник е да се одморат. Додека тие се во мир, ние сме во мир.“

Станува збор за современ разорувач, опремен со системи за противподморница и површинско војување, со можност за прифаќање на хеликоптер.

Иако во моментов е на пауза од операциите, неговото присуство во туристичкиот центар повторно поставува прашања за безбедноста и начинот на донесување на тие одлуки.

ИЗДВОЕНИ